fbpx
26.8 C
Skopje

Ноќта на 27 јули ќе се појави најголемата крвава Месечина во овој век: Еден свештеник покажува на Библијата и предупредува дека крајот на светот е блиску?!

АКТУЕЛНО

Крвавата Месечина во 2018 година ќе се крене во коњукција со Марс во ноќта на 27 јули, а еден христијански теоретичар тврди дека овој настан е знак за скорашниот крај на светот.

Христијанските теоретичари на заговори и пророците за пропаста на светот ги набљудуваат небеските тела и во нивната положба ги бараат знаците на Апокалипсата.

Во петок на 27 јули Месечината ќе добие длабока црвена боја за време на потполно помрачување на Месечината, кое како што тврдат одредени христијански теоретичари – е запишано во Библијата.
Планетата Марс тој ден ќе биде најблиску до Земјата во овој век, во исто време кога ќе се случува затемнувањето на Месечината, и некои свештеници веќе се повикуваат на Библијата.

Според американскиот пастор Пол Бегли, комбинацијата на Марс и Крвавата Месечина е директен знак од Бога. Овој пастор од Индијана кажал: „Дали е ова знак на хаосот? Дали е ова знак на војната? Дали е ова знакот на апокалиптичниот крај на светот, зборот Божји за последните денови? Не, 27 јули не е крај на светот, но повторувам, во Библијата пишува дека ќе има знаци на небото и на Сонцето и на Месечината и помеѓу ѕвездите.

Пасторот продолжува и тврди дека веќе ги живееме последните денови и дека нешто со библиски размери се случува пред второто доаѓање на Исус Христос. Овој пророк на пропаста тврди дека ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваите, заедно со големата песочно невреме на Марсот и Крвавата Месечина, се знаци дека се наближува крајот на светот. Тој упатува на пасусите од Библијата, од Книгата на откровение кои ја спомнуваат Месечината како станува цревна, како знакот од небесата. Тој вели „не сум вознемирен, само ви кажувам дека доколку ги анализирате работите од библиската перспектива, во Библијата Исус кажал дека сите, кога ќе се случуваат овие работи „ќе го видат синот човечки како доаѓа од облак со голема сила и слава“.

Новинарите на Express.co.uk, кој ја пренесе оваа приказна, се прашуваат потоа дали има било каков кредибилитет во приказната на овој свештеник, и нагласуваат дека нема научни докази дека близината на Марсот и Крвавата Месечина имаат био каква врска со Апокалипса.
Месечина

Како што пишуваат тие, за време на затемнувањето на 27 јули сончевата светлина распрскана ширум планетата ќе ја „обои“ месечината, односно нашата сика на Месечината, во црвено, со помош на ефект познат Релијево расејување на светлината. Во исто време, Земјата ќе се најде точно помеѓу Марс и Сонцето, што ќе направи Црвената Планета да изгеда поголем аи поблескава од што инаку изгледа на небото.

Како што пишуваат новинарите на Espreso.rs, кои ја пренесоа оваа статија од Express.co.uk,нема никаков повод за страв или паника, затоа што и ова пророштво за крајот на светот, како и милион претходни не е ништо повеќе од уште една сензационалистички обид на луѓе очајно желни по внимание.

Извор: Македонијаденес

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -