fbpx
20.8 C
Skopje

Новите пратеници ги добија своите уверенија

АКТУЕЛНО

 

Државната изборна комисија денеска на овластените претставници на политичките партии им ги врачи уверенијата за добиените пратенички мандати.

На предвремените парламентарни избори, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, коалицијата предводена од СДСМ  49, ДУИ  10, Движење Беса  5, Алијанса за Албанците  3 и ДПА  2 пратенички места.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, рече дека извештајот за спроведените избори до Собранието ќе биде доставен во текот на денешниот ден. Освен до Собранието, извештајот ќе биде доставен и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги и ќе биде објавен на официјалната веб-страница на ДИК.

Чичаковски уште еднаш повтори дека изборите биле спроведени во согласност со законските прописи и дека поминале во фер и демократска атмосфера.

Претставникот на СДСМ, Стефан Богоев, рече дека ставот на партијата е што поскоро да се свика Собранието за да може побргу да се формира владата.

 Поради деликатноста на ситуацијата во која се наоѓа Македонија во моментов, само би истакнал дека нашиот став е час поскоро да се свика Собранието на конститутивна седница, за што побргу да може да се формира новата влада бидејќи, како што видовме на минатите избори, граѓаните гласаа за промени и граѓаните очекуваат промени. Затоа би нагласил дека очекуваме Собранието што поскоро да се свика за да може новата влада да биде избрана и Македонија конечно да оди напред – изјави Богоев.

Арбер Адеми од ДУИ рече дека сите треба да се фокусираат на реформските процеси за да се врати земјата на евроатланскиот пат, а од Собранието и од Владата очекува да работат за доброто на сите.

Конституирањето на Собранието треба да се случи најдоца до 31 декември, односно 20 дена по одржаните избори.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -