fbpx
23.8 C
Skopje

Објавен тендерот за изградба на пешачкиот мост во Делчево

АКТУЕЛНО

Центарот за развој на Источно-планскиот регион го објави тендерот за изградба на пешачкиот мост во Делчево. Проценетата вредност на набавката за изградба на мостот изнесува шест милиони и 369 илјади денари. Предвиденот е работите да почнат на 15 ноември оваа година, а да завршат на 30 јуни 2019 година.

Како што информираа од ЦРИПР, јавното отворање на понудите ќе се одржи на 8 октомври 2018 година.

– Првиот пешачки мост на реката Брегалница ќе биде изграден од челична конструкција, а предвидено е покрај основната намена, мостот да биде ставен во функција на туристичка понуда на градот. Изградбата на мостот има и дополнителна вредност, бидејќи Општина Делчево има дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која ќе се поврзат локалните институции, истакна Драгица Здравева, директор на ЦРИПР.

Вкупниот буџет на проектот е седум милиони и 471 илјада денари од кои 65,5 отсто ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. Општина Делчево како партнер ќе обезбеди 34,5 отсто од буџетот на Општина Делчево за 2018 година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -