fbpx
14.8 C
Skopje

Од Европа со совет до Заев: Не одете на избори

АКТУЕЛНО

Со комбинација на Балкан и рационалност може да се дојде до потребното мнозинство во македонскиот парламентот, вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за австрискиот весник „Куриер”, пренесува МКД.мк.

Хан вели дека веќе го советувал македонскиот премиер Зоран Заев да не свикува вонредни парламентарни избори, туку да изгради двотретинско мнозинство во парламентот кое ќе го поддржи Преспанскиот договор.

„Новите избори ќе бидат одолговлекување на патот кон почетокот на преговорите со ЕУ. Опозицијата придонесе за нискиот одзив преку бојкот. Не може да се каже оти референдумот бил неуспешен. Невообичаено е еден референдум да добие поддршка од 94 проценти од гласачите, но да земат учество само 37 проценти – затоа што опозицијата очигледно беше успешна во бојкотот. Во парламентот ќе може да се обезбеди двотретинско мнозинство. На власта ѝ се потребни 8 или 9 гласа од опозицијата и тоа мора да биде остварливо. Сите велат дека сакаат во ЕУ и НАТО, и опозицијата исто така, и затоа мора да се плати цената со овој договор“, рече Хан.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -