fbpx
2.8 C
Skopje

Пронаоѓањето паричка на улица може да симболизира порака од ваш близок кој не е веќе помеѓу вас

АКТУЕЛНО

Според кинеските верувања, пронаоѓањето монети е знак на добра среќа, а истото верување потоа се раширило и низ целиот свет и истото така е прифатено.

Речиси на сите ни се има случено да најдеме монета на земјата, а притоа да посегнеме по неа. Но, дали сте знаеле дека и тоа носи скриена порака?

Имено, се смета дека пронаоѓањето паричка на улица е поврзано со духовноста, без разлика на нејзината вредност. Тоа ви покажува дека сте ценети и меѓу жителите на Земјата, но и во духовниот свет. Тоа е еден од начините на јавување на ангелите и душите. Пронаоѓањето на монети може да биде порака која ви ја испаќа некој близок кој починал – со монетата ви кажува дека ве сака и дека сте вредни за него. Но, тоа може да биде и утеха од самиот Бог кој како да порачува: „Не се плаши, не си сам, јас се грижам за тебе“.

Еве на што подетално треба да обрнете внимание кога ќе најдете некоја монета:

1. За што сте размислувале во тој момент – тоа може да биде одговор на вашите мисли, она што ве мачи, на вашите дилеми…

2. Дали на монетата го има бројот 1 или бројот 10.

Ако на монетата го има бројот 1, тогаш тоа е знак дека ќе ви се родат нови идеи, но исто така симболизира и успех, големи достигнувања и напредок. Ако пронајдете таква паричка, тоа покажува дека ангелите и душите ви говорат дека ве водат на пат кој донесува успех и да останете позитивни.

Од друга страна пак, бројот 10 претставува будење и знак дека треба да обратите внимание на некои работи и да верувате на своите инстикти како и да тргнете напред со својата одлука. Тоа, исто така, покажува дека имате потпора од духовниот свет и дека се ќе се реши како што треба.

Има уште доста интересни суеверија и знаците поврзани со парите. Така на пример, ако даваме пари на некого, не треба да го гледаме во очите, за да не ни оди само на “давање”.

Никогаш не треба да раситнуваме пари. Монетите и банкнотите е подобро да се земат со левата рака, а да се враќаат со десната.

Ако се истурат монети од вашиот паричник, најдобро е да ги собирате со десната рака. Направете си парично дрво дома, што според фенг-шуи носи пари.

Пронајдените пари не носат среќа и затоа не треба да ги држите во вашиот паричник. Раздавајте ги на сиромашните или веднаш потрошете ги.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -