18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Ова е херојот кој загина обидувајќи се да ги спаси децата во пештерата – Носел кислород, а немал за себе

Саман Кунан, нуркач кој учествувал во акцијата за спасување на децата загина вчера во пештерата во Тајланд откако останал без воздух под вoда.

Тој доброволно се пријавил да учествува во мисијата на спасување на тренерот и децата, а починал на враќање кон командниот центар, откако им доставил боца со кислород на децата.

„Негова задача било да однесе боца со кислород за децата, а на враќање тој немал доволно кислород за себе“ рекол еден од Тајланските нуркачи и додал дека се работи за човек кој никогаш не работел во морнарицата, а сега се приклучив во акцијата за спасување.

„Во пештерата е тешко, на пат кон командниот центар се удавил, колегата се обидувал да му помогне, но безуспешно, кога го извлекоа оттаму повторно му е дадена помош, но безуспешно„ Изјавил командирoт на војската.

поврзани објави

     

Последни објави