6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

П. Колев: Бугарско државјанство за 6 месеци е возможна мисија

Г-динe Колев, во медиумите се појави информација дека владата на Р. Бугарија подготвува законски измени со кои се предвидува граѓаните на Р. Македонија да добиваат државјанство за 6 месеци, дали е точно и каква е вашата позиција по тоа прашање?

Да, тоа е точно. На пресконференција вицепремиерот за демографската политика, г-дин Валери Симеонов ги презентираше идеите за такви законски измени. Тој спомена дека заедно со г-ѓа Цецка Цачева, министер за правда, г-дин Петар Харалмпиев председател на ДАБЧ и со ѓ-га Илијана Јотова вице председател на Р. Бугарија разговараат и бараат законски решенија со кои да го решат овој сериозен проблем кој настана поради недостатоци во законската база. Тој сообшти дека над 53 000 апликанти од Македонија се заглавени по лавиринтите на администрацијата и дека е потребно изнаоѓање на соодветно решение. На неколку средби ние како Здружение за Македонско-Бугарско пријателство и јас лично како председател на МБП сум ја изразил нашата позиција дека Р. Бугарија би требало да им даде државјанство на сите кандидати од Македонија кои одговараат на законските барања за многу покус рок од тоа што се случува денеска. Ние веруваме дека е возможно, ако се направаат соодветните промени во законот и ако администрацијата вложи енерѓија овој проблем да се реши. Сметам дека секој граѓанин на Македонија кој може да го докаже своето бугарско потекло, треба да добие државјанство за 6 месеци. Тој рок е доволен за да се заврши целата процедура.

Се пласира информација дека Бугарија ги следи локалните избори и дека сите промени во една или друга насока на конкретниот закон ќе зависат од резултатот од локалните избори во Македонија?

Не би можел да потврдам такво нешто. Изборите во Македонија и административните процедури во Софија мислам дека не би требало да имаат каква и да е врзка. Да, факт е дека во Македонија има два политички блока од кој едниот, макар и само декларативно, предводен од СДСМ е евро-атлантски орентиран, форсира политика на добрососедство со Бугарија, а другиот предводен од ВМРО-ДПМНЕ е анти ЕУ и НАТО и директно пропагира анти-бугарска политика. Многу сум изненаден од фактот што многу членови, вклучително и високи функционери на ДПМНЕ се бугарски државјани, а пропагираат антибугарска политика. Може би е крајно време на некои од тие луѓе да им се одземе државјанството. Ние како организација сме доставиле сигнали до соодветните институции во Р. Бугарија и знам дека е започнат процес по тоа прашање.

Мислите ли дека тие над 53000 кандидати од Р. Македонија заглавени во процедурата по институциите ќе добијат бугарско државјанство?

Доколку одговараат на соодветните законски барања би требало да добијат. Ние како организација правиме се што е во наша можност да помогнеме во тој процес. Нашиот став сме го изложиле официално пред институциите во Р. Бугарија и мислам дека тие ја разбираат чувствителноста на ова прашање. Сметам дека нема поблагороден чин од тоа официајлна Софија да подаде рака на своите браќа во Македонија. Тоа би било најсилен сигнал изпратен во насоката на братството, разбирачката и добрососетството, што ќе го почувствуваат и нај обичните граѓани на Македонија.

Дали институциите примаат документи во моментот, се шпекулира дека процесот е запрен?

Се разбира дека институциите работат и примаат документи. Не знам кој шпекулира со такви работи. Ова е смешно, како може министерствата и државните агенции да не работат. Секој кој сака може и денес да си поднесе документи.

Што сакате да изпратите како апел до граѓаните од Македонија што сакаат да кандидираат или веќе кандидирале за бугарско државјанство?

Пред се, би сакал да ги посоветувам да се запознаат со законската регулатива и особено законот за бугарско државјанство. Да не се подаваат на манипулации и лаги пласирани од недобронамерни луѓе, кои решиле да спечалат на нивен грб. Процедурата е јасна и прозрачна и не им требаат експерименти. Опишани се точно потребните документи и соодветните такси и се што е потребно за добивање на државјанство. Нека бидат внимателни, бидејќи многу итри и лукави луѓе го користат нивното незнаење.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави