fbpx
26.8 C
Skopje

Пари за еден знак, многу расправии за друг – Дневен хороскоп

АКТУЕЛНО

ОВЕН

Вие сте оптимист и подготвен да се ангажирате во работата. Партнерот ве прави нервозни. Ако не сте подготвени да го толерирате однесување на некои личности кои многу бараат или критикуваат, напуштете ги.

БИК

Нешто ве тера да се истражите себе си на начин кој од вас бара добра кондиција. Може да започнете некој приватен бизнис.

БЛИЗНАЦИ

Многу нешта ве нервираат на работното место или сакате да постигнете нешто за што не ви се отвараат многу врати, но вие сте уверени дека имате доволно енергија и знаење за тоа што го сакате. Може да ви се јави некој кој живее во странство или често патува.

РАК

Имате големи планови и се обидувате да најдете поддршка од некој близок со кој одсекогаш сте се согласувале. Не започнувајте непотребна расправија со Стрелец или Скорпија кои чисто ви се спротиставуваат. Можна е вест за пари.

ЛАВ

Месечината која владее со вашата астролошка куќа на интуицијата и парите ви носи нови можности и можете да очекувате поволни вести за некој проект кој долго време го очекувате, а кој може да ви донесе добри приходи, особено ако е во соработка со странци.

ДЕВИЦА

Имате многу користи од контактите и дружењето со пријателите, особено со оние кои доаѓаат од странство. Ќе имате некои поголеми издатоци кои ќе ве наведат да размислувате за тоа дека би било мудро да ги намалите. Бидете сигурни дека можете да ги средите финансиите.

ВАГА

Ова е еден од тие денови кога сте многу зафатени, но задоволни бидејќи ќе постигнете се што ќе си зацртатњ како цел. Имате поддршка од Водолија и Стрелец. Со друга Вага лесно наоѓате заеднички јазик, но не и со Лав и Девица.

СКОРПИЈА

Некој ќе ве убедува дека само тој е во право. Можно е да станува збор за личност со која имате добра комуникација и која е подготвена да ви попушти во врска со вашиот став кој го имате кога се во прашање парите.

СТРЕЛЕЦ

Имате некои нејасни навестувања дека на вашето работно место може да настанат некои промени и тоа ве загрижува. Обидете се да бидете ефикасни во работата со Бик или Овен.

ЈАРЕЦ

Верувате дека при рака ќе ви се најде некоја младолика личност која е многу искусна во работата и на која сте можеле и претходно да рачунате. Ако сте подготвени да започнете нова работа со странци, посебно Стрелец или Овен, ве очекува успех.

ВОДОЛИЈА

Верувате во добрите намери на личноста со која сте во блиски односи. Се обидувате да бидете фер кон личноста со која сте во некој вид на деловен однос. Нагласеното астролошко поле на комуникација ви носи можност за средба со некој кој ви е многу драг.

Риби

Имате проблем со комуникацијата со оние на кои секогап сте можеле да се потпрете, но не сте свесни како другите ве доживуваат, како недоверлива личност.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -