fbpx
27.8 C
Skopje

Пјонгјанг го одби предлогот на Сеул за преговори

АКТУЕЛНО

Севернокорејскиот министер за надоворешни работи Ри Јонг-хо го одби предлогот на неговиот јужнокорејски колега Канг Кјунг-ва за преговори меѓу Пјонгјанг и Сеул, оценувајќи дека тој „не е доволно искрен“.

Како што јави Јонхап, кусата средбата меѓу Ри и Канг се одржала на маргините на министерскиот состанок на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во филипинскиот главен град Манила, при што шефот на јужнокорејската дипломатија апелирал до својот колега од Северот да го прифати предлогот за воени преговори, со цел намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

– Имајќи ја пред вид актуелната состојба и тоа што Јужна Кореја соработува со САД за да се изврши притисок врз Северна Кореја, ваквите предлози не се доволно искрени, порачал Ри.

Оваа, една од ретките средби меѓу високи владини претставници на двете Кореи, се одржа во време кога Советот за безбедност на ОН воведе нови санкции кон Пјонгјанг, поради неодамнешниот ракетен тест.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -