fbpx
26.8 C
Skopje

Почнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе биде жири оваа година (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Емисиите од новата сезона на “Ѕвездите на Гранд” почнуваат да се снимаат во понеделник, а во студиото на “Гранд” на Кошутњак се одржа состанок на главните ѕвезди на овој натпревар, во кој беа вклучени Снежана Ѓуришиќ, Марија Шерифовиќ и други. На состанокот не присуствуваше Аца Лукас, ниту Драгана.

Она што се дозна од состанокот е дека во новата сезона ќе има новини.

Според Снежана Ѓуришиќ, жирито останува непроменето.

– Жирито не се менува. Она што е добро не треба да се менува. Она што знам е дека остануваме сите ние што жириравме во претходните две сезони – рече Снежана Ѓуришиќ.

„Ѕвездите на Гранд“ ќе имаат нов концепт, но и нов дизајн и нова сценографија која во голема мера е звршена. Друга новина во шоуто е дека учесниците ќе имаат свои ментори, и тоа од членови на жирито.

Водителската двојка ќе ја сочинуваат Воја Недељковиќ и Сања Ќужет.

Извор: ВИстина

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -