fbpx
18.8 C
Skopje

Полска: Успешно е деактивирана бомбата од Втората светска војна

АКТУЕЛНО

Големата бомба „СТ-500“, со тежина од 500 килограми што за време на градежни работи беше пронајдена на улица во градот Бјалисток, на 190 километри североисточно од Варшава, успешно е отстранета и деактивирана, соопшти локалната полиција.

Утрово беше започната евакуација на речиси 10.000 лица кои живеат во реонот каде беше пронајдена бомбата, со цел нејзино отстранување од местото.

Портпаролот на локалната полиција Томас Крупа изјави дека деминерите успешно ја деактивирале и отстраниле бомбата, со што состојбата во регионот е безбедната и жителите можат да се вратат во своите домови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -