11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Процесот започнува на 29 март – Британија излегува од ЕУ

На 29. март ќе започне процесот со кој Велика Британија ќе побара напуштање на Европската унија, со што ќе го следи барањето на своите граѓани односно нивното гласање од референдумот минатата година.

ЕУ моментано брои 28 членки, но портпаролот на премиерката Тереза Меј денес соопшти дека владата на Британија ја информирала канцеларијата на претседателот на Европскиот совет за инценцијата да се повикаат на членот 50 од Лисабонскиот договор.

Со ова Велика Британија нема да има проблем за напуштање на ЕУ, а откако ќе биде и формално активиран членот 50, од Европскиот совет ќе им бидат претставени барањата од Британија на останатите земји членки на Унијата.

Целосните преговори околу ЕУ и Велика Британија за напуштање мора да бидат завршени во рок од две години.

поврзани објави

Последни објави