Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа лошо ги започна турнирот во Санта Маргерита ди Пула, каде беше елиминирана уште во првото коло.
Поради повреда од јануари, Лина не беше одреден период на терените, а сигурно ќе сака и што побрзо да го заборави враќањето по поразот од 17-годишната тенисерка од Украина, Катарина Заватска која е 533-та на ВТА листата.
Во тесен и неизвесен натпревар, Заватска го доби првиот сет со 6:3, потоа Ѓорческа го освои вториот сет со 6:4, по што победникот се решаваше во трет сет во тајбрејк, каде Украинката славеше со 7:3.
Ѓорческа на овој турнир ќе настапи и во двојки заедно со Камила Росатело од Италија. Тие требашеда играат против Паолини и Пјери исто така од Италија, но двојката го предаде натпреварот.