16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Славески се жали до инспекторатот: Вратете ми го копчето кое ми го одзеде Арсовска

Славески бара од Инспекторатот за локална самоуправа да интервенира оти Арсовска му го одзеде копчето за микрофоните на говорницата.

Во Советот на Град Скопје е поставен нов систем со кој претседателот на Советот веќе нема копче со кое може да интервенира односно да ги исклучува советниците кои не се придржуваат до точките дневниот ред и говорат на теми надвор од нив.

На Славески му беше одземена оваа можност откако тој ѝ го исклучи микрофонот на Арсовска пред три седници бидејќи таа го критикуваше и го повикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески пред почетокот на денешната седница и утврдувањето на дневниот ред, јавно го повика Инспекторатот за локална самопурава да интервенира откако градоначалничката на Скопје му го одзеде копчето за вклучување и исклучување на микрофините на советничката говорница.

Имано, пред две седници, во Советот на Град Скопје беше поставен нов систем со кој претседателот на Советот веќе нема копче со кое може да интервенира односно да ги исклучува советниците кои не се придржуваат до точките дневниот ред и говорат на теми надвор од нив. На Славески му беше одземена оваа можност откако тој ѝ го исклучи микрофонот на Арсовска пред три седници бидејќи таа го критикуваше и го повикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Пред да предложам дневен ред сакам да укажам на нешто. Знаете дека на изминатите две седници забележавме дека некој неовластено без дозвола на претседателот на Советот и советниците, кои се единствени што може да вршат измени во оваа сала на опремата, распоредот на седење итн., на претседателот на Советот му е оневозможено да го спроведува деловникот од аспект на спроведување на редот во салата, давањето и одземањето збор, ако за тоа има потребата, контролата и времето на дискусии итн. Тоа беше и причина за одредени тернзии во изминатите две седници“, рече Славески.

Тој информираше дека како претседател на Советот во неколку наврате усно и писмено се обратил да му се овозможи тоа деловничко и статутарно право, а дури потпишал и една наредба до Секторот за општи работи.

„Како што гледам до овој момент не е постапено. Да повторам, претседателот на Совет треба да дава збор по редослед на пријавување и доколку некој од дискутантите не се придржува на точната на дневен ред, после три опомени да одзема збор. Јас немам друг начин да одземам збор освен да исклучувам микрафони на советниците. Во овој момент јавно го повикувам Инспекторатот за локална самоуправа да интервенира во Град Скопје. Ќе побарам и писмено, заради попречување на работата на Советот и одземање на ингеренциите на претседателот на совет“, рече Славески по што даде пауза од половина час за да, како што рече се врати опремата со која советот одржа 18 седници.

По паузата немаше никакви промени околу функционирањето на опремата. Претседателот на Советот не го доби копчето за микрофоните и побара од советниците да се обраќаат од своето место, а не до говорницата.

„Со оглед дека и покрај бројните апели, од страна на кабинетот на градоначалникот не беше постапено, ќе има неколку измени во однос на функционирањето, обраќањето на советниците, одговорите… советниците имаат микрафони на место и може да се обраќаат од место, оние што немаат микрафон пред себе ќе може да дојдат тука до мене, имаме микрафон ако сакаат да се обратат од ова место, а секако има и слободни микрофони со оглед дека има отсутни советници“, рече Славески.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на седницата на Советот на Град Скопје што се одржа на 29 септември влегоа во конфликт откако таа му се обрати со „Талат Славески“, затоа што беше предупредена од првиот човек на Советот да не го споменува името на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не е присутен во салата.

Видно нервозен, Славески ѝ ги исклучи микрофоните на градоначалничката и побара од неа да ја напушти говорницата, а потоа ја прекина седницата.

поврзани објави

Последни објави