Стевче Јакимовски смета дека владее популизам во однос на одлуката на уставниот суд за зголемување на платите на носителите на јавните функции.
Градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски смета дека одлуката на уставниот суд е правилна.
– Дали е во ред ние македонците да имаме држава? Не уби тој пусти популизам. Ајде да направиме споредба со платите во опкружувањето. Дај да се споредиме со Косово и Албанија, не со Германија. Некој треба сега да одговори зошто не била усогласувана платата за сега ова да се гледа како револуција. Еднаш треба да се научиме дека треба закон да се почитува. Ако направиме анализа на какви се глупости ги трошиме парите, ќе видиме каква ни е структурата на буџетот.
ВО ОПШТИНА КАРПОШ ВЕЌЕ ТРЕТ ПАТ ЈА ПОКАЧУВАМ ПЛАТАТА НА СЕКОЈ ВРАБОТЕН
Јас сум градоначалник година ипол, а веќе трет пат ја покачувам платата на секој вработен. Така би требало да биде за сите, вклучувајќи ги и функционерите. Донел правилна одлука уставниот суд, вели Стевче Јакимовски во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, поддржувајќи да се зголемува платата на јавните функционери.
Според него одлуката на уставниот суд е правилна и смета дека и функционерите заслужуваат да имаат зголемување на платата.
Зборувајќи за увозот на работната сила, Јакимовски смета дека таа ќе биде за Енха Бектел.
Бројот на население и осигуреници, редовно вработени во однос на 2017 е замален за 21 илјада, а за 20 илјади е зголемен бројот на администрација. Тоа е главниот проблем во оваа држава, смета Стевче Јакимовски.
Во емисијата со соговорникот Павле Трајанов се дискутираше и за уставните измени кои ни претстојат како држава.
– Народот е разочаран бидејќи гледа безидејност во владата, ние имаме склоп на лошо владеење, а на сето тоа се прави дополнителна разочараност поради ова што се случува со Бугарија. Платите се најмал проблем, најголем проблем е безидејноста на Владата.
ВИДЕО од линкот од емисијата „Само вистина“ можете да погледнете со клик ТУКА
Ниту го ценам, ниту го почитувам господинот Мицкоски, но во оваа работа му велам да издржи, да не врти кругчиња, да не се поддржат уставните промени. Нема зошто да го менуваме Уставот за 3000 до 4000 граѓани во оваа држава, а во исто време македонското национално малцинство да нема никакво право, да немаат никакви културни права и во исто време ние нив да ги поддржуваме овде. Проблемот е нечесната политичка позадина која се крие со влегувањето на бугарите во Уставот, вели Јакимовски во однос на уставните измени.
За ставот на Трајанов околу платите на функционерите, можете да прочитате повеќе на ФОКУС на следниот линк ОВДЕ