16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Јанкуловска во „Идризово“ се држи одлично: Се наоѓа карши Катица Јанева, а нејзината улога ја замени мојата мајка на 75 години!

Адвокатот и сопруг на Гордана Јанкуловска, Влатко Илиевски во интервју за „360 степени“ открива повеќе информации поврзани со животот на екс министерката во затворот „Идризово“.

Јанкуловска во „Идризово“ се држи одлично: Нејзината соба се наоѓа карши собата на Катица Јанева!

Гордана Jанкуловска е во одлична психофизичка состојба, од тој аспект не треба да се грижиме. Редовно џогира, чита книги, се храни здраво, достоинствено и стоечки се држи со овие дискриминации. Како семејство имаме право да ја видиме три пати месечно по еден час, вели Илиевски.

Улогата на мајка ја игра неговата мајка на 75 години, но истовремено упати благодарност и до воспитувачките во градинката кои имале сенс за тоа што се случува во животот на нивниот син, а за кои рече дека одлично се грижат за неговиот развој.

– Нејзината соба се наоѓа карши собата на Катица Јанева. Гордана не е таков човек, од култура комуницира со сите луѓе. Нормално тие комуникации се од типот на дневни потреби, нема комуникација од типот на обвиненијата и слично. Што и да каже сега Катица нема да смени ништо.

Има ли корупција во „Идризово“ каде што е сместена Јанкуловска ? Апсолутно, ДА!

Дефинитивно има корупција, и тоа прилично, вели адвокатот и сопруг на Гордана Јанкуловска на прашањето на новинарот од „360 степени“ на прашањето дали има корупција во затворот „Идризово“.

Дали осудените лица се дискриминирани или пак станува збор само за Јанкуловска. Што мисли нејзиниот сопруг?

Осудените лица се третираат како граѓани од трет ред. Ги множат со нула, никој не се грижи за нивните загарантирани права. Со оглед на тоа дека станува збор за женскиот дел од затворот, каде што немало звучни имиња кои можеле да го артикулираат пред органите, така и останало. Не било евидентирано тоа како проблем и било оставено на дневна основа да си тече онака како што е.

Екс министерката Гордана Јанкуловска е жртва на дискриминаторско однесување

Со тоа чувство на неправедност се носиме повеќе години. Гордана е единствена која се носеше со тоа. Не постои никаква штета во овој предмет, сите знаеме дека за да постои кривично дело мора да има некаква штета или некој да стекнал противправна имотна корист.

Гордана Јанкуловска нема ставено никаков потпис на ништо, за разлика да речеме од Бујар Османи, но обвинителство го повлече обвинението иако имало таму штета од милионски износ.

Од друга страна Јанкуловска, единствен доказ против нејзе беа осум снимки, незаконски прибавени. Тука можеме многу да зборуваме за тоа зошто тие не можеле да се користат како доказ. Самата содржина со ништо пак не укажуваше дека таа го потикнала на нешто Ѓоко Поповски. Доколку имало било каква таква содржина, веројатно судијата ќе го наведел во самата пресуда. Таква реченица нема во пресудата, такво нешто не постои.

Тоа е општ впечаток во јавноста, дека таа е предмет на политички прогон и дека невина лежи во затвор.

Има каење бидејќи порано не заминала од политиката. Од денешна гледна точка многу полесно е да се заземаат некои ставови, но тогаш кога сте во „машината“, со огромни проблеми на дневна основа, кои се и од финансиски карактер, бидејќи знаеме дека буџетот секогаш беше со проблеми, како и со други безбедносни проблеми, човек не може да ја согледа целата слика и да се повлече кога е неопходно. Ако сме реални, од разговорите на фамозните пресконференции на Заев, може да се каже дека единствено Јанкуловска и Ставревски се гласот на разумот, вели сопругот на Јанкуловска, Влатко Илиевски.

Тој додава дека некогаш од дрвјата не се гледа шумата, нагласувајќи го како тоа примерот на неговата сопруга како екс министерка во Владата на Никола Груевски.

Оригинален извор и линк до изворот на интервјуто „360 степени“ можете да погледнете ОВДЕ.

Да се потсетиме како екс министерката Гордана Јанкуловска реагираше на пресудата од 6 години затвор за екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

ФОТО: Гордана Јанкуловска со прва реакција по пресудата од 6 години затвор, потоа се сретна со Мијалков

поврзани објави

Последни објави