16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Сурова реалност во Македонија!

Суровата реалност на Македонија во 2023 година е следна:

– Немаме подобро образование, ќе имаме најверојатно „осакатени“ генерации. Немаме подобро здравство. Граѓаните ги е страв да отидат на лекар. Немаме подобри студентски домови, студентите живеат во мизерни услови, со мувла, прокиснати тавани, хорор тоалети и страшни ходници во оваа сурова реалност во Македонија. Немаме ниту нови работни позиции, нови инвестиции. Напротив имаме помасовно иселување од државата, цели семејства заминуваат надвор од државата и тоа граѓани на во повозрасни години.

Тажната реалност во Македонија е дека премиерот зборува за поевтинување на 2, 3, 4 или 15 денари на одредени производи и со тоа се наметнува дека наводно се има една грижа за народот и неговиот секојдневен живот.

Наместо да зборуваме за минимална плата од 600 евра, а во реалност да имаме минималната плата од 500 евра, ние имаме една таква сурова реалност во која граѓаните  се чудат како да врзат крај со крај. Цените на прехранбените производи како што вели пензионерката која го сретна премиерот, отидоа во плафон.

Влегуваш во маркет, гледаш продукти од четири, пет, шест производи кои ти се неопходни, ги земаш и плаќаш илјадарче. Или како велат постарите – порано парата имаше вредност, со илјадарка полневме фрижидер. Денес? Не се полни ни 20 % од тоа што е потребно!

Истовремено, еден куп граѓани имаат деца кои се ученици, студенти, па мораат да мислат и за нив. Тие мораат да издвојат дел од семејниот месечен буџет за нивно школување. Има илјадници граѓани кои за жал мораат да се лекуваат или примаат соодветна терапија која исто така ги чини многу пари. Има безброј пензионери кои веќе не можат на своето внуче да му дадат ниту 100 денари поради тоа што пензијата не стига ниту за нивните трошоци.

Постојат илјадници граѓани кои чекаат да им излезе бугарски односно европски пасош, барајќи надеж за подобро утре во странство. Е тоа е тажната, сурова реалност во Македонија!

И додека ние шпекулираме дали уставните измени ќе пројдат или не, додека ги броиме пратениците кои се потребни за тоа, па кој ќе гласа а кој нема да гласа, бројката на иселени граѓани од ден на ден се повеќе и повеќе расте! Тоа е сурово и тажно, жално и болно!

Додека ние зборуваме за европски вредности, а тие како носител ги носи ДУИ и Артан Груби, македонците се горди европејци како чесни и почитувани работници илјадници километри далеку од родното место! Е тоа почитувани е суровата реалност во Македонија!

Според некои статистики, секој четврт македонски граѓанин заминал од државата. Во однос на овие податоци, дознајте повеќе во текстот во продолжение со клик ОВДЕ

Пишува: Антонио Димов на фејсбук.

Село до Благоевград со повеќе македонски државјани од Општина Македонска Каменица.

поврзани објави

Последни објави