Снимката на мајката Лорен Берти растопи илјадници луѓе на социјалните мрежи. Во видеото објавено на ТикТок можеме да видеме како реагирале близначките кои биле раздвоени 24 часа. Кога повторно се сретнале, не сакале да се испуштат од вид.
Откако нивната мајка ги сместила во креветчињата, тие пришле една до друга па се фатиле за раце и ги допреле челата. Потоа почнале да се бакнуваат, да се прегрнуваат и да се тапкаат по грбот, што јасно покажува колку си недостасувале една на друга.
„Нашите близначки за прв пат во животот беа разделени цел ден. Таа ноќ ги ставивме во креветчињата и поприлично е сигурно дека си недостасувале. Не знам за ништо помоќно од поврзаноста на близнаци“, напишала мајката.
Снимката собрала повеќе од 22 милиони прегледи, а можете да ја погледнете во продолжение.