-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Да не се ставаат сите лекари во ист кош, апелира Лекарската комора по протестите за онкологија

Лекарската комора го почитува правото на протест на сите граѓани, но истовремено ги осудува обидите сите доктори да се стават во ист кош како виновници за последните случувања, нарекувајќи ги „убијци“.

По вчерашниот протест поради кражбата на лекови на Клиниката за онкологија, од лекарската комора велат дека со етикетирањето на сите лекари се поткопува довербата меѓу лекарот и пациентот, што е клучна поповолен исход на лекувањето.

Од тука преку соопштение истакнуваат дека ниту еден пациент не смее да биде оставен без терапијата која му следува и во никој случај не смеат да се дозволат манипулации со цел остварување на материјална корист од страна на поединци. Брааат максимални санкции доколку се докаже во постапката дека дел од лекарите биле вклучени во злоупотреби на онколошката терапија.

Лекарската комора апелира да не се создава масовна паника и да не се генерализира дека сè во здравството не е добро и дека сите лекари ги манипулираат своите пациенти.

поврзани објави

Последни објави