3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

„Тој се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот“: Јелена Карлеуша за бившиот сопруг Душко Тошиќ

Не стивнува вревата околу интервјуто на Јелена Карлеуша, во кое таа по долга пауза зборуваше за бракот и врската со сопругот Душко Тошиќ.

Откако ЈК изјави дека „Душко е дефинитивно некој кој е дел од нејзиниот живот“, и дека тој е „нејзината грешка во животот“, таа повторно проговори и во свој стил рече:

Тој што повеќе се грижи за таблоидите отколку за неговото семејство е мизерен“.

Да потсетиме, по интервјуто на Карлеуша на социјалната мрежа Инстаграм се огласи Душко Тошиќ кој го цитираше Иво Андриќ и го рече следново: „Мизерен е тој што некого треба да понижи за да се издигне“.

Да потсетиме, Јелена во интервју за Стори зборуваше за бракот со Душко Тошиќ.

– Ако мислите на мајка ми, таа е мојата жива рана која не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. Ако мислите на Душко, тој се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже каква животна грешка е тоа, а ако мислите на линчот што го доживувам од време на време од јавноста, тоа го гледам како голема мотивација и инает. Затоа ја има и песната „Минута“ на крајот на која им благодарам на сите! Сето тоа што го набројав ме направи толку силна – изјавила меѓу другото ЈК.

поврзани објави

Последни објави