Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија вели дека иницијативата за избори односно за датум за избори ја остава на Димитар Ковачевски кој е мачо лик во оваа ситуација.
– ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори. Ние како ВМРО-ДПМНЕ се бориме да освоиме 61 пратеник и не смее да се опушта ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту македонските граѓани. Анкетите говорат за тоа, а ние чекаме шанса за тоа. Затоа многу е важно да избереме претседател, а истовремено заедно со граѓаните да направиме историски подвиг и да освоиме 61 пратеник.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за промените на деловникот и вели дека врз основа на процесот Жан Моне резултираше со ова што беше усвоено во рамките на парламентот.
Тој истакна дека партијата може да се надева на победа од 61 пратеник бидејќи 1/5 од 820 илјади бирачи тие како политичка партија имаат 20 %, а врз основа на излезеноста односно со добра мобилизација ВМРО-ДПМНЕ може да дојде до овие бројки за да се направи вистинска трансформација за која што тие постојано зборуваат.
– Власта е таа која води на дневна основа политики врз основа на кои граѓаните ценат. Поддршката што ја имале на изборите СДСМ, она за кое што ветувале а не оствариле води кон нивниот негативен максимум. Ние се консолидиравме, имаме простор да пораснеме и тоа ќе се случи за време на кампањата.
-Нема во Македонија албански општини, има само македонски општини. Сите тие општини се македонски, а бидејќи ние им даваме плата, граѓаните на Македонија, а Македонија ја дефинираат три основните симболи: знамето, химната и грбот. Не гледам ништо спорно ако се интонира македонската химна, вели Мицкоски.
Мицкоски даде споредба со турските малцинства во Германија или алжирско малцинство во Франција. Тој поентираше дека е неприфатливо албанска химна да се пее во која било општина на територија на нашата држава.
-Се додека живееме под еден чадор, на територијата на Република Македонија тогаш мора да ги почитуваме основните столбови на Македонија, а тоа се: знамето, химната и грбот. Дали тоа го сакаат или не, тоа е нивен проблем, дециден е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски за крајот се обрати до албанските политичари, особено на оние од опозицијата:
-Мојот совет до политичарите Албанци, посебно од оние во опозицијата. Да не подлегнуваат на етно-национализмот и шовинизам. Нема подоминантен од Али Ахмети во тој блок. Треба да влезат во порака каде има миграција и корупција, зошто фирмите блиски до ДУИ имаат милионски имоти, заклучува Мицкоски.
Мицкоски потсети дека и Албанците се селат, а заедно ги делиме проблемите со корупцијата и криминалот.
-Се додека добиваат плата од буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја, вели Мицкоски.
За крај тој се осврна на Албанците политичари кои бараат нова химна и категорично ја отфрли ваквата идеја.
-Не само што не сум подготвен да разговараме за нова химна, туку тоа не треба да биде ниту тема за разговор, заклучува Мицкоски.