Исчезнувањето на 14-годишното девојче во центарот на Скопје, среде бел ден и натаму ја бранува јавноста. За ова, но за сѐ она што е Скопје, свое видување преку интересен фејсбук статус даде инфлуенсерката Фросина Фро.
– Сме станале бездушен град. Народ кој секогаш брза некаде да стигне. Во оваа сурова борба за опстанок во Скопје секој некаде брза, секој трча да не задоцни негде.
Гужва на сите страни. Толку многу народ, а нигде луѓе. И после се чудиме зошто Вања никој не ја видел во сред бел ден на едно од најфреквентните места во Скопје каде колони од возила стојат во гужвата на семафори, каде цел рој пешаци чекаат да се пушти зелено, Вања НИКОЈ не ја видел.
Ова ли е тоа кога лајф кочи ве учат дека треба да си гледаме прво за себе, дека не треба да ни е гајле за другите. Оваа ера на индивидуализам која вие ја дигате на пиедестал ни го уништи чувството за заедништво.
Па во Скопје веќе комшија со комшија не се познава. Луѓето не знаат кој живее карши нивната врата. Се гадиме од оговарање и радозналост и преминавме во една друга крајност на потполна затвореност, ладни лица без емоција,незаинтересираност за остатокот од светот, вели Фросина во својата објава.
Таа сподели и едно свое искуство