-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

СКОПСКО ЕХО: За високите цени на становите во Скопје…

Цените на становите во Скопје стасуваат до нови рекорди. Квадрат во одредени делови од градот каков што е центарот, населбата Дебар Маало, Тафталиџе веќе се продава по над 2.000..

Но, и цените на станбениот простор во неколку други скопски населби не заостануваат. Зависно од оддалеченоста од центарот и тие се високи – 1.400, 1.600 евра…

Колку е ова оправдано?

Вакво прашање си поставуваат скопјани, тие наведуваат повеќе нејаснотии и за нив нелогичности.

-Покачувањата се дури до 70 проценти. Што толку поскапе за да становите отидат до небо?, прашува една скопјанка.

-Купуваат некои кои имаат пари и по 3-4 стана. Но нема веќе кому да ги издаваат, нема население. Затоа чекам и не купувам, мора цените да паднат. Мене еден стан ми треба за живеачка и не можам да скрпам за толку високи цени, ни потенцира еден граѓанин.

-Станови има дури и повеќе отколку што е побарувачката, но цените не се намалуваат!? Сите нешто чекаат и калкулираат и цените ги ѕидаат, вели друг наш сограѓанин.

А како е во некои други држави?

Српскиот неделник „Време“ деновиве објави статија во која, повикувајќи се на специјализирани агенции, наведува дека во Србија продажбата на станбени недвижности опаднала за цели 30 проценти.

Целиот текст можете да го прочитате на Скопско ЕХО – со клик ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави