Како што се наведува Јунајтед, кој минатата година плати 100 милиони евра на Јувентус за Пол Погба, ќе ја активира откупната клаузула за Нејмар и ќе му понуди 25 милиони евра заработка, девет пати повеќе од колку што заработува сега.
Нејмар го продолжи договорот со Барселона до 2021 година, но „Спорт“ наведува дека доколку стигне ваква поннуда од „Олд Трафорд“ никој нема да остане рамнодушен.
Во меѓувреме Јунајтед мора да исполни еден „мал услов“ и обезбеди настап во Лигата на Шампионите следната сезона.