9.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Доаѓа Талат Џафери – Македонија за кратко ќе го добие првиот премиер Албанец!

На местото на Димитар Ковачевски доаѓа Талат Џафери, а на местото на Артан Груби доаѓа Маричиќ.

Џафери во интервју за Собранискиот канал порача дека не само што очекува да имаме фер, демократски и успешен изборен процес, туку вели „имаме обврска да обезбедиме такви избори“.

Инаку, Џафери важи за еден од најистакнатите соработници на Али Ахмети, кој уште во времето на Никола Груевски добиваше високи функции односно стана министер за одбрана.

Потоа во време на владеењето на СДСМ и ДУИ стана прв човек односно претседател на Собранието.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не смета дека Талат е достоен да ја води функцијата премиер на државата.

„Нема да бидеме како СДСМ, ќе бидеме во собраниските клупи и ќе се воздржиме од гласање. Нема да гласаме за тоа што цениме дека Талат Џафери не заслужува да се гласа“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

„Јас да сум мандатар нема да прифатам таков лик да биде дел од мојот кабинет“, рече Мицкоски.

„Господинот Џафери не би бил ако јас ја имам можноста да бирам дел од тимот на соработници со кои што би соработувал. А, тоа ќе го кажат граѓаните на 8-ми мај. Ако ми ја дадат довербата тогаш сигурни бидете дека Талат Џафери нема да биде“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави