9.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Славчо Попоски со најнова вест: Атмосферата ќе биде заматена, а дождот што го очекуваме ќе биде многу….

Метео анализа на Славчо Поповски:

Поради изразеното јужно воздушно струење кое ќе го има над нашиот дел од Европскиот Континент (Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија)-, утре и во петок од Сахара кон нашите краишта ќе се врши голем транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот што го очекуваме ќе биде многу валкан.

Се работи за огромно количество на сахарска прашина и песок од Сахара како што погоре наведовме, се очекува над Балканот и над Македонија утре и задутре локално да има дури вкупно и до 2000 честички на милиграм кубен (што е премногу).

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено утре попладне, во текот на ноќта кон петок и во петок во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните и во јужните предели од државава.

поврзани објави

Последни објави