Сум го почитувал од секогаш, бил претседател на мојата поранешна партија иако човекот е целосно пасивизиран од политика. Сметам дека имал и свои пропусти, но имал и големи достигнувања и верувам дека ако беше во овој момент на било која позиција, немаше да се случи ова што ни се случува денес. Поголема девалвација како народ никогаш не сме имале, вели Максим Димитриевски во интервју за Инфомакс.
За тоа зошто го нарекол Заев бивш пријател, Димитриевски вели дека нема контактирано со Заев уште од изборите кога размениле порака во која добил честитка на која тој вратил куртоазно.
– Во одредени моменти и тешки борби бевме заедно. Јас верував во тој концепт, јас не бегам од концептот дека Македонија треба да има правилно и еднакво општество, но не по овој терк. Ме прашавте дали сум поминал низ тоа. Една од првите замерки беше кога ги примив градежните инжињери и архитекти, кои беа вработени без никаква партиска книшка, а тоа каде сакаат да припаѓаат тие, е нивна определба. Уште тогаш дојде до конфронтации на локални ниво, па после на централно. Бев сменет а бев пораснат во таа партија како човек кој доаѓа од земјоделско работничко семејство и се уште живеам и верувам во концептот на вистинската социјалдемократија, вели Димитриевски.








