2.8 C
Skopje
Saturday, December 28, 2024

Интервју со Дарко Масларковски, советник и член на Левица: Шефот на Апасиев не сака Левица да има повеќе од 4 до 5 пратеници!

ПОГЛЕД: Заминавте од Левица. Во вашето образложение, кажавте дека сте предадени и дека таму смрди КОРНЕ..
Што смрди во Левица?

– Смрди на СЛУЖБИ и на НЕЧЕСНОСТ, ЕЛИТИЗАМ И ПРЕПОТЕНЦИЈА, курсот се трга од БОРБА за Македонија и правда, па води кон сува БОРБА за власт, моќ и влијание, но и внатрепартиски интриги и игри кои не ми се јасни и сватливи. Мислев сме поразлични од другите партии но последните две години од ДРУГАРСТВО и ПОЧИТ, прејдено е во АПСОЛУТИЗАМ и ПОЛТРОНСТВО.

ПОГЛЕД: Бевте ли блиски лично со Апасиев. Дали покрај партиските активности, се дружевте лично. Ова го прашувам бидејќи ме интересира ЗОШТО некој би си дозволил да ги нарече ЏГАН и ЃУБРЕ своите довчерашни поддржувачи?!

– Не никогаш не сме биле блиски другари ниту приватно сме се дружеле, што и не треба да биде било каков фактор за НАПРЕДУВАЊЕ во хиерархијата во партијата или во структурите на истата.”Џган” е најверојатно последица на ШОКОТ од нашето јавно излегување и посочување на проблемите во Левица. Џубрето е таму во депонијата на Левица, кадровски решенија на сомнителни луѓе со сомнително минато не може да се споредува со нашиот ЧИСТ идеализам и бескомпромисна БОРБА за МАКЕДОНИЈА.

ПОГЛЕД: Максим успеа да ги собере побрзо потписите за претседателска кандидатура, а во многу градови како новоформирана партија има повеќе потписи и од Левица. Дали според Вас „ЗНАМ“ на Максим ќе успее да освои подобар резултат од партијата на Апасиев?!

– Нема шанси Максим иако и зад него стојат СТРУКТУРИ и СЛУЖБИ, мислам дека постои за да ги собере незадоволните гласачи на СДС. Мене човек кој поддржувал и агитирал за промена на името на Македонија не може да ми продава патриотизам и македонштина. Мислам и дека повеќето македонци се чувствуваат и мислат така. Тој ќе добие во 2ка и можеби во 5ка каде има стара СДС структура која е со него. Повеќе од тоа би било изненадување за сите.

ПОГЛЕД: Некако се добива впечаток дека профилот на Апасиев станува место во кое најмногу се критикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а многу помалку се посветува внимание на власта поточно на СДСМ и ДУИ. Зошто според Вас тоа е така?!

– Тоа е така, не сакам да верувам дека е ЕГО момент бидејќи станува збор за сериозна работа, не им замерувам што ја истакнуваат еднаквоста помеѓу СДС и ДПНЕ, бидејќи 30 + години се директните виновници за хаосот во Македонија, дополнително со убиено самочувство по промената на ЗНАМЕ и ИМЕ. Е сега зошто повеќе се плука по едните, а не по другите со иста мера не би знаел да кажам, јас секогаш ќе ги плукам подеднакво, но со жалење морам да констатирам дека знакот = наскоро ќе дојде и до Левица.

ПОГЛЕД: Зошто му верувавте на Апасиев дека може да донесе промени во политичкиот живот во Македонија?!
Која според Вас е понудата на Левица, земајќи ги предвид ставовите за ЕУ, НАТО, Америка, Русија?
Која е алтернативата и дали е таа реална или пак политиката на Апасиев е повеќе сведена на плукање по противникот без реална понуда за граѓанинот?!

– Што друго му преостанува на македонскиот народ ? НАРОДОТ е спремен за ПРОМЕНА, а не за ЗАМЕНА, верувавме бидејќи како Македонци имавме силна потреба од истото, еве и овде да споменам дека најсреќен ќе бидам ако не сум во право и ако ЛЕВИЦА и Апасиев не се предавници и во служба на ВИШИ структури. Нека ми го докажат спротивното, но чекорите на Левица ми го подигнуваат сомнежот, да се забрани употреба на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ со сонцето од Кутлеш, сомнителните луѓе кои се на високи функции, да разрешуваш член на президиум на 3 месеци до избори и дополнително да имаш 2ца замрзнати, да рацинизираш/игнорираш членови кои искрено се бореле за ЛЕВИЦА и ИДЕАЛИТЕ, не ми дава верба за иднината. Без да навлегувам во идеолошки моменти и висока геополитика, Јенс беше во Скопје – Левица Не мрдна со прст да покаже дека не е пожелен, мене тоа ми кажува повеќе од декларативно залагање и фаќање страна. Палестина доживува холокауст од невидени размери ние имаме членови кои се декларирани ПРО ИЗРАЕЛ и ПРО АМЕРИКА, епа не може така ДРУГАРИ.
Програмата на Левица е добра содржински но плаши фактот дека нема идеја и можност за реализација не затоа што НАРОДОТ не сака, туку затоа што Апасиев и неговите ШЕФОВИ не сакаат.

ПОГЛЕД: Велите дека Апасиев има свој ШЕФ, а тој истиот предупредил дека треба да се смени реториката на Левица. Со име и презиме. кој е тој ШЕФ на Димитар Апасиев?

– Не знам со сигурност да посочам кој е ШЕФОТ/ШЕФОВИТЕ, ниту имам докази за истото(ВИЕ па ми барате ИМЕ и Презиме ХАХАХАХ), но фактот што некој пред избори ќе си дозволи да ја руинира партијата, да ги сруши најсилните ограноци и да избрише докажани борци, да вклучи сомнителни луѓе во високите структури и да не работи со максимум за максимален ефект ме наведува на мислењето дека Шефот, Апасиев и Левица не сакаат повеќе од 4 5 пратеници, па бидејќи чувствуваат дека е можно изненадување го направија ова со партијата. Верувајте дека е тој не е неинтелегентен или прост човек и човек кој не предвидува потези во иднина, затоа ме чуди фактот што вака се одигра цела работа.

поврзани објави

Последни објави