12.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

Бојмацалиев во посета на Гевгелија: Остварена средба со СВР Струмица, ОВР Гевгелија

За време на посетата на Гевгелија остварив работна средба со раководствата на СВР Струмица, ОВР Гевгелија, во рамки на серијата средби по секторите за внатрешни работи на територијата на државата со цел увид во резултатите и мапирање на идните активности.

Според структурата на криминалитетот, ОВР Гевгелија во првите два месеци од 2024 година регистрирани се вкупно пет кривични дела од областа на економскиот криминал за физички лица, и тоа во јануари три дела а во февруари две.
Во делот на недозволена трговија со дрога и оружје, во текот на овие два месеци откриени се два кривично правни настани со пет лица. Во текот на 2023 година, поднесени се четири кривични пријави од Закон за опојни дроги и психотропни супстанции, што е за 100% повеќе во однос на 2022 година, при што констатираше дека оваа тенденција продолжува и годинава.

Исто така, за одбележување е и заедничката соработка со Регионалниот центар ,,Југ“ во делот на сузбивање на илегалната миграција, па така, поднесени се шест кривични пријави, за сторени шест кривични дела против шест сторители, а откриени се 44 мигранти.

поврзани објави

Последни објави