5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Најстариот човек во светот чека смрт од минатиот век

Дедото кој ги надживеа сите свои десет браќа и сестри, своите четири сопруги и сите негови деца, го прослави својот роденден со својот внук и неговата сопруга. Индониезецот, чие семејство тврди дека е најстариот човек, кој некогаш живеел на земјата, го прослави својот 146. роденден.

Мбах Гото, кој е роден во мало село во провинцијата Централна Јава, поседува документ, според кој е роден на 31. декември 1870. година, а индонезиските власти ја потврдиле автентичноста на неговиот документ, пишува британскиот весник „Индипендент“.

Ако историјата на Гото е точна, тогаш тоа му ја гарантира титулата на „највозрасен човек“, кој живеел некогаш воопшто. Гото ја надмина со над две децении французинката Жан Калман, која починала на 122 години.

Запрашан за тајната на неговата долговечност Гото, вели „рецептот е само трпение“.

Тој почнал да се подготвува за смртта од 1992 година, има и подготвена надгробна плоча. Во 2016 година Гото за локалните медиуми вели дека единственото нешто што сака е да умре, бидејќи на негова возраст е тешко да се бања и да се храни. Според внуците на Гото, тој поголемиот дел од својот живот го поминал слушајќи радио, бидејќи видот му е ослабнат па бил оневозможен да гледа телевизија.

https://www.youtube.com/watch?v=QlioKsP_jqc

поврзани објави

Последни објави