16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Николоски: Потценет е трудот на тутунарите, цените не се тие кои што би требало да бидат

Зборувавме со земјоделците и она што е најголема грижа, секако е главниот извор на егзистенција на жителите на општина Конче, а тоа е производството на тутун. Зборувавме за маките на тутунарите, за тоа како е потценет нивниот труд, како цените за откуп не се тие кои што би требало да бидат, како се касни со исплатата, како се касни со субвенциите и како се помалце се произведува, рече од митингот во општина Конче, потпретседателот и носител на листата за пратеници во четвртата изборна единица, Александар Николоски.

Тој истакна дека тоа е жалната слика за македонското земјоделие каде што се помалку се произведува, за што се свесни и самите земјоделци и дека производството за тутун скоро за половина е намалено, што е трагично за државата имајќи предвид дека се работи за една стратешка гранка, гранка која што носи егзистенција на десетици илјади жители на Македонија.

поврзани објави

Последни објави