4.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Поднесено обвинение за Палевски –  Ги убил Вања и Палче со умисла и на свиреп начин

Против Љупчо Палевски Палчо од страна на скопското обвинителство е поднесено обвинение до Кривичниот суд во Скопје, а во кое тој се товари за двете убиства на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, како и за нивното грабнување.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое се товари за:

– едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик,

– едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик.

„Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази“, информираат од ОЈО Скопје.

Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

„На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило ‘Цитроен’ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано ‘Рудник’ во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри. На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата Наум Наумовски Борче во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано ‘Дупки’, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице“, соопштија од обвинителството.

Се гасне пожарот кај месноста Вртена Скала, Пехчевско, вклучени хеликоптери на АРМ

Агрон Речи поднесе неотповиклива оставка од функцијата државен

Во Прилеп протести и блокада на жителите на прилепско Оревоец, на Управен суд ќе ја оспоруваат владината одлука за концесија на „Бехтел и Енка

СДСМ: Владата лаже, се согласила да не го распушта Судскиот совет и Советот на обвинители

Исчезнатото лице од Дурфулија пронајдено во животнозагрозувачка состојба, по што со хеликоптер е пренесен до Државната болница во Скопјеunder Актуелно, Македонија, Топ вести

Евакуација на луѓето на Ајфеловата кулаunder Актуелно, Свет

Мајка со две деца била нападната додека возела на патот кон Струмица, друг возач сакал да ѝ ја отвори врататаunder Актуелно, Македонија

поврзани објави

Последни објави