10.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Сега сме позагрижени отколку пред состанокот, состојбата е очајна, изјави министерот Перински по средбата со Арсовска

Сега сме позагрижени отколку пред состанокот изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински по средбата со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која се одржа денеска во Владата.

Како што изјави Перински, на состанокот како Влада не слушнале ништо конструктивно за решавање на проблемите.

Од нивна страна не слушнавме ништо констуктивно, очајна е состојбата, и како заклучок се донесе дека немањето комуникација помеѓу советничките групи во Град Скопје, е една фаза од препреките, и затоа градоначалничката предложи до крајот на оваа недела да состави некаков план кој ќе биде презентиран пред советниците, иако нашите очекувања не се големи морам да признаам. Во таа насока ќе почекаме до крајот на неделава да видиме што план ќе се донесе, и во основа на тие заклучоци ќе носиме заклучоци, изјави Перински.

поврзани објави

Последни објави