Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2024 година, изнесува 41.939 денари и е зголемена за 14,8% во однос на истиот лански месец, објави Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,6 %), Административни и помошни услужни дејности (22,9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (19,6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,1 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4 %) и Административни и помошни услужни дејности (4,5 %).
Највисоки просечни нето плати и во овој месец се исплатени во секторот „информации и комуникации“ од 76.518 денари, а најнизок просек од 25.202 денари е исплатен во секторот „заштитни и истражни дејности“.