20.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Арсовска веќе две недели не одговара на барањето на Поглед.мк за интервју: Од што бега градоначалничката?

И покрај тоа што градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска треба да биде во служба на граѓаните, а со тоа и да биде јавно достапна за секој медиум кој што и дава можност да одговори на низа прашања кои ги интересираат скопјани, таа очигледно не сака да дава простор на медиуми за кои што можеби смета дека нема да и постават прашања кои се во нејзин личен интерес.

Пред речиси две недели се јавивме во Град Скопје каде што упативме барање за интервју со градоначалничката Арсовска. Оставивме број, име и презиме на службеното лице кое бара интервју, како и за тоа од кој портал е упатено барањето. Од таму кусо ни одговорија дека ќе бидеме известени откако ќе добијат одговор од градоначалничката. На крајот од телефонскиот разговор бевме прашани на кои теми ќе биде интервјуто, по што нормално од наша страна им беше соопштено. По поминати пет дена повторно од наша страна беше побаран одговор дали конечно ќе се случи интервјуто и кога, но од Град Скопје повторно го добивме истиот одговор – кога ќе имаме одговор од градоначалничката ќе ве побараме. Од тогаш поминаа две недели, но никаков абер од Арсовска. Ниту позитивен, ниту негативен. Но со оглед на молкот веројатно Арсовска се одлучила да не даде интервју за нашиот портал.

Вака ли градоначалничке ќе го истерате мандатот до крајот? Сепак мораме да кажеме ова не е случај само со нашиот медиум, туку Арсовска ретко излегува на медиуми, а речиси со 80 % од самите медиуми не ни комуницира.

За крај, земајќи го предвид фактот дека Арсовска бега од интервју, ние во текот на утрешниот ден ќе и поставиме јавно неколку прашања за кои им должи одговор на Скопјани, па се надеваме дека ќе се охрабри и ќе ги одговори преку нејзините служби во Град Скопје.

поврзани објави

Последни објави