8.8 C
Skopje
Tuesday, November 26, 2024

ФРЧКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Заминува од местото Амбасадор во ООН во Њујорк!

Тој оставката ја поднел до претедателката Гордана Сиљановска Давкова од чиј кабинет за Канал 5 потврдуваат дека ја добиле, а за истата известено било и МНР. Фрчкоски вели дека оставката не би требало да се одрази на функционирањето на мисијата во Њујорк, но дека може да влијае врз реализација на проектот „Промоција на дијалог и медијација со цел превенција на геноцид и сличните злосторства“

-Ако оваа иницијатива пропадне поради изгубеност, незаинтересираност или лоша волја на Министерот и министерството (наводно рекол “Фрчко си прави себе-промоција”) тоа ќе биде испуштање на историска шанса за здрава промоција на земјата на клучните прашања во ООН и воедно срам за земјата која без континуитет и проценка на основа на ресентименти ја води својата надворешна политика и ја дезавуира својата политичка позиција на сериозен партнер,- Љубомир Фрчкоски за „Либертас“.

Оставката на Фрчкоски доаѓа по обвинувањата за финансиски нерегуларности во работењето на постојаната мисија во ООН во Њујорк. За таа причина тој беше и повикан на разговор во македонското МНР, но шефот на дипломатијата Муцунски откри дека до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот.

Истото го потврдија и од МНР.

-Поврзано со консултациите на кои беше повикан амбасадорот Фрчкоски од страна на Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски укажуваме дека истите не беа остварени како резултат на дадено образложение од амбасадорот дека не е во состојба да присуствува на истите заради здравствени причини. Согласно, погоре наведеното надлежните институции во наредниот законски определен период ќе ги преземат сите потребни чекори за целосно заокружување на постапката поврзана со статусот на споменатиот амбасадор.-МНР.

Фрчкоски инаку, ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека имал итна медицинска интервенција во Македонија, а бил и на погреб на својот починат брат, настани кои според него, го приморале привремено да искористи пари од мисијата за авионски билети, и кои биле надоместени од негови приватни средства.

Премиерот Мицкоски пак, прашан за оставката, иако не даде директен коментар за Фрчкоски, сепак кажа дека започнати се консултации за многу амбасадорски места.

-Започнати се консултации за многу амбасадорски места. Има и причина зошто е незадоволен (Муцунски) ќе ви дадам и пример за мисијата во САД и во ОБСЕ, треба да покажеме дека сме стратешки партнер на САД. Но, некој ја приватизирал и ја партизирал таа институција и многу скоро, многу работи ќе излезат на виделина,- Христијан Мицкоски – Претседател на владата .

Фрчкоски на амбасадорската фунција беше поставен во март 2022 година. Тој не ја презентираше својата плаформа пред собраниската комисија за надворешни работи бидејќи тогашниот претседавач со комисијата Антонијо Милошоски во два наврати не закажа седница на комисијата.

Сепак, замина на амбасадорската функција со потпис на тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски, од чиј кабинет тогаш појаснија дека постапката завршува со одбрана на тезите на кандидатот пред колегиумот на МНР.

поврзани објави

Последни објави