-2.2 C
Skopje
Tuesday, November 26, 2024

Богојески на ПРЕС: Го креваме гласот на сите обесправени Македонци, во Македонија противправно се користи албанскиот јазик и знамето на Албанија

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС на Петар Богојески од Македонски Концепт.

Почитувани новинари ви благодарам на присуството.

Почитувани македонски граѓани,

ГО КРЕВАМЕ ГЛАСОТ во име на сите обесправени Македонци и сите чесни македонски граѓани против насилството кое врз нас го вршат албанските полудени шовинисти, без разлика на која партија и припаѓаат!
Македонски Концепт е партија на народот и ги застапува народните интереси.
Ние сме жртви и не може веќе да плаќаме за издигање на силата на други држави и нации!
Сите етнички малцинства се малтретирани во средините каде живее албанско етничко мнозинство.
Ние сме измеќари во сопствената држава!

Во Македонија, противправно и спротивно на насоките на ЕУ и Венецијанската Комисија се користи албанскиот јазик и спротивно на Устав и Закон се користи знамето на Албанија.

Тука секојдневно македонски државјани, а албански етнички шовинисти, се користат со навреди и омаловажување на Македонија и македонскиот народ, што е казниво по КЗ, а никој не постапува по закон.
Тука албански шовинисти не плаќаат данок, а користат државни плата, субвенции, социјална помош.
Тука се прикриваат воени злосторства против човештвото, направени на територија на Република Македонија, спроведена е нелегална амнестија и не се почитуваат барањата на Совет на Европа за постапување пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Тука се практикува неказнивост за злосторства направени од албански шовинисти и се внесува страв кон останатите граѓани.
Тука се злоупотребуваат работни места по институции, особено во МВР, каде се прикриваат престапите на албанските шовинисти.
Тука секој ден се врши насилство врз млади деца и стари лица од страна на албански бандити низ центарот на Скопје, се живее под закани и уцени, се живее под терористичко поведение на организирани групи.
Тука се создава атмосфера на линч против секој еден кој не им се плаши на албанските шовинисти, како ние од Македонски Концепт.
Тука секој ден, албански шовинисти шират етничка и верска омраза, а по тие предмети не постапува ОЈО или МВР, под притисок на политички субјекти, новинари и граѓани, организирани во злосторничко шовинистичко здружување.
ДОВОЛНО ЖИВЕЕВМЕ ВО ДЕФАНЗИВА! ВРЕМЕ Е ЗА ОФАНЗИВА!
Потребна е ЦВРСТА РАКА, ако сакаме оваа држава да ја биде.
Слабите, анационалните, клиентелистите, кои се виновници за ова што и се случува на Македонија, мора да бидат казнети!
Мора жестоко да бидат казнети некои луѓе, поради начинот на кој ја корумпираа Македонија!
Има да владее правото и правдата!
Ние сме СВОИ НА СВОЕТО и не планираме да се предадеме!
Затоа денес отвараме предмет за процесуирање на стотици сторители од албанското злосторничко, шовинистичко здружување. Тој ќе биде дополнуван со секојневни докази.
Само вчера до МВР се поднесени преку 15 пријави за закани по живот и навреди кон Македонија и македонскиот народ.
Крајниот резултат на нашата мисија / реформација ќе биде воспоставување на ред и поредок во земјата, на владеење на правото!
Ништо од ова немаше да се случи, ако функционираше судски систем.
Затоа бараме ИТНО распуштање на судски и обвинителски совет.
Сега сме во транзициски период!
Предходните измеќари на власт оставија пустош!
Преку рестарт на системот, ќе отвориме НОВА ИДНИНА за сите македонски граѓани, вклучително и чесните, еснаф Албанци, од кои дел се и членови на нашата партија Македонски Концепт.

поврзани објави

Последни објави