Дали за Македонија важат посебни критериуми надвор од добропознатите „копенхашки критериуми“? Што е со 14-те пресуди на Стразбур против Бугарија за прекршување на правата на македонското малцинство, вклучувајќи го правото на здружување? Уште колку отстсапки ќе треба да направи Македонија на нејзин грб, само за да продолжи кон нејзиниот европски пат, но и дали тие условувања се „европски“?
За ова и многу други прашања, прочитајте го целосното интервју со европратеникот од Бугарија Андреј Ковачев:
ПОГЛЕД: Г-дин Ковачев, вчера гледавме една многу интересна емисија објавена на јутјуб насловена “Как сами се провалихме: Македонскиот тест за националната ни глупост“, во која Иван и Андреј, познати бугарски водители и влијателни личности во медиумскиот простор, објаснуваат како Бугарија односно бугарските политичари, а не Македонија се виновни за тоа до кое ниво се дојдени денешните односи меѓу двата народи и двете држави. Се согласувате ли со нив? Како да се вратиме во времето кога познатите продуценти Иван и Андреј правеа бугарски турнеи и концерти ONE LOVE TOUR и кој според Вас се исплаши од тоа затоплување на односите меѓу двете земји?
КОВАЧЕВ: Јас сум сведок на сите тие процеси, кои се случија после потпишувањето на договорот на Илинден во 2017 година. Тогаш имаше голема желба за инфраструктурна, финансискса, културна соработка за да се зголеми намалената доверба меѓу народите. Многу други формати учествуваа, многу македонски млади учествуваа и овде кај нас. На се тоа се стави крај бидејќи во Македонија има сили од длабоката држава кои се исплашија односно не го сакаа тоа. Македонија е можеби една од најпројугословенските земји и Тито. Тоа е голем проблем кој ја враќа Македонија назад. Ние сакаме да ги отстраниме негативните работи од минатото. 2020 година наводно немало струја, немало вода, и се откажаа театри во Штип и Струмица. СДСМ се комунисти на Тито. Заев се спротистави и на неговите комунисти и го потпиша тој многу братски договор. Вклучително си спомнувам кога даде интервју за БГНЕС кога кажа бугарската администрација, од тој момент кога го даде тоа интервју и кога ја даде академската формула за тоа како било навистина, многу југословенски струи во Македонија почнаа да работат не само против Бугарија туку и против него. Силите кои не сакаат затоплување на односите беа многу посилни, отколку на тој Заев. Тоа за мене е основниот момент и повторувањето дека Бугарија е фашистичка држава, Бугарија не е имала фашистичка власт, изјавите за Цар Борис 3 итн се навистина едни тешки глупости. Има македонци кои се чувствувале Бугари, сега поминал тој процес на создавање на една современа македонска идентичност и јас започнувам од тука. Денеска не вели никој дека не постои македонска нација, дека Вие не сте македонци, меѓутоа и не можеме да го заборавиме и минатото. Ваше право е да се чувствувате како македонец, истото право го има и тој кој што се чувствува бугарин и ја знае историјата на својот род. И вие може да знаете дека вашите баба и дедо се чувствувале бугари, а сега да се чувствувате македонец. И тоа е сосема нормално. Ние никогаш не кажуваме дека сега Вие сте бугари, тоа е апсурдно. Вие може да знаете историјата дека вашиот дедо, прадедо се чувствувале бугари, вие сега се чувствате макеоднец. Тоа е развој на човечката историја, ние не можеме да имаме проблем со тоа. Малку е фантастично што во Македонија некој сака да го промени самоопределувањето на Георги Николов Гоце Делчев од татко и мајка бугари, кој предавал во бугарското училиште во Софија, во бугарското училиште во Штип и сега наеднаш треба да кажеме тој не е таков, ние ќе му смениме идентичноста. Поминаа од 90-ата година многу работи. Имавме декларација меѓу Љубчо Георгиевски и Иван Костов и тоа треба да биде основата на нашето добрососедство и братство. Не треба да носиме омраза помеѓу младите луѓе.
Нема како да се искорени hate speech-от и во медиумите, но и во црквите во Македонија, на универзитети итн итн, ако продолжат во ист стил да ги учат за историските невистини младите луѓе. Се уште во Македонија се празнува како го нарекуваат „прва пушка“, а тоа нема никаква историска вистина. Тоа е де факто терористички акт на терорист кој го убива својот сограѓанин во грб, татко на две деца. И тоа уште се третира како некаква си прва пушка против некаков си фашистички бугарски окупатор. Овде во Бугарија не се одбележуваат комунистичките празници, ние 9 септември го означуваме како најцрниот ден во историјата на Бугарија, кога комунистите доаѓаат на власт. Вчера беше 23 август, ден на почитување на жртвите на национал-социјализмот и фашизмот.
ПОГЛЕД: Зошто убавите работи кои се случуваат на релација Македонија – Бугарија не доаѓаат до широката публика. Еве пример во Делчево кај нас во Македонија дојде бугарски диџеј во ноќен клуб и направи забава на која се слушаше и бугарска музика до раните утрински часови. Зошто негативните работи во нашите односи преовладуваат во јавноста и во вокабуларот на бугарските политичари, а за овие работи молчите?
Што мислите по однос на тоа дека секој викенд стотици бугарски државјани слободно и без никакви проблеми ги поминуваат викендите низ рестораните и хотелите во Македонија, забавувајќи се на секаков вид музика, уживајќи во специјалитетите на македонската кујна и обратно стотици македонски граѓани во бугарските градови и туристички места? Дали сметате дека политиката и политичарите свесно или несвесно создаваат проблем меѓу двата нардои иако во реалниот живот нема никакви недоразбирања, туку има еден силен соживот и многу искрени пријателства?
КОВАЧЕВ: Тука сте во право. Имаше едно многу добро затоплување на односите и тоа продолжи и траеше негде околу 2 години после 2018 година. Беа поддржувани многу проекти и од македонска и од бугарска страна. Вие сте во право. Секоја добра иницијатива треба да биде поддржана. Еве јас не знаев за тој диџеј кој што дошол во Делчево, се надевам дека ќе има што повеќе такви настани, луѓе од Македонија да доаѓаат тука во Бугарија, а наши луѓе да доаѓаат во Македонија и да се покажуваат позитивни примери. Јас се согласувам со Вас дека нема негативни чувства меѓу луѓето, нема омраза, и не може и не треба да има и зошто би имало. Има политичари кои сакаат да прават кариера врз основа на негативни чувства со Бугарија. Има такви кои не сакаат да променат ништо во инерцијата од Југославија. Јас жалам што повторно го спомнувам тоа но има луѓе во Македонија кои уште живеат во времето на Тито, а во времето на Живков биле робови кои се затворени. Да Живков е безобразен престапник, но тоа не значи дека треба денеска ние да се мразиме.
ПОГЛЕД: Добро, но кога ги спомнувате тие политичари, еве јас знам и други политичари од Бугарија. Дали мислите дека е европски и братски, да еден бугарски политичар кој што е дел од европскиот парламент да дојде во сред Скопје и да скандира „Македонија е бугарска“ при славењето на Мара Бунева. Замислете како би било да ја славиме заеднички Мара Бунева, ако дојде бугарски политичар во Скопје и ви кажува дека „Македонија е бугарска“?
КОВАЧЕВ: Не, не. Јас сум апсолутно многу против тоа. Тоа не е европско однесување. Европската идеја и на Шуман и Моне е да живееме во пријателство. Јас не го прифаќам тоа и не поддржувам во никаков контекст такви провокации. Тоа не може на никаков начин да биде изјавувано.
ПОГЛЕД: Додека сме на темава, што се скрши меѓу Македонија и Бугарија од периодот кога се организираа заеднички концерти, театри, што се скрши после тоа од бугарска страна? А што мислите кој го попречи тоа од македонска страна?
КОВАЧЕВ: Руската политика е да се мразиме повеќе. Таа ги зголемува проблемите меѓу македонците и бугарите. Русија го има принципот „раздели, па владеј“, а работат врз основа на тој принцип во секое свое однесување. Ние не треба да провоцираме, не да доаѓаме во Македонија дека таа е „бугарска“, ниту пак од ваша страна треба да се зборува цело време за Ваташа, за фашисти, за тоа колку лош бил Цар Борис, но и многу слични примери. Не треба да се забрануваат културни клубови. Значи името на ТИТО може, а Ванчо Михајлов не може. Многу е тажно сето тоа. Но вие сте апсолтуно во право кога велите дека во Бугарија има силно руско влијание кое работи на одрекување на евроатлантската ориентација на Бугарија. Тоа е тема која би требало ние заедно да се обидеме да ја запреме целата таа пропаганда на социјалните мрежи каде што има носталгични структури кон режимот на Тито, а во Бугарија кон режимот на Живков.
ПОГЛЕД: Сегашното раководство на Македонската Влада вели нема проблем за „Бугари во Устав“ но со одложено дејство, бидејќи бараме гаранција за нашата европска иднина бидејќи во изминатите 30 години Македонија имаше премногу условувања, барања и отстапки. Ние сега по нивните изјави бараме гаранција дека ова ќе биде последното барање и дека Македонија од утре ќе можат навистина да бидат вклучена во тој процес на зачленување во ЕУ. Дали Вие би прифатиле ако Македонија го промени Уставот по примерот на Бугарија и Франција односно секој граѓанин на Македонија да е македонски граѓанин без разлика на која етничка заедница припаѓа, а со тоа да се откочи и нашиот европски пат?
КОВАЧЕВ: Тоа е работа на Република Северна Македонија, ако решите да го промените Уставот по примерот на Бугарија и Франција за нас во Бугарија нема да има никаков проблем. Ако решите да ги отстраните сите, албанци, турци, власи, роми, срби, тогаш тоа за нас нема да претставува проблем. Ако има одлука само бугарите да немаат право да бидат дел од Уставот тогаш ние имаме проблем, но ако решите да ги има сите, а само нас да не нема, тогаш тоа е проблем. Ако ги избришат сите, тоа е ваше право, јас не би го коментирал тоа бидејќи тоа е право на избор на Македонија. Што се однесува до предлогот за одложено дејство на внесување на Бугарите во Уставот, тоа не е можно бидејќи правата на човекот не се со одложено дејство. Тоа нема како да биде прифатено.
ПОГЛЕД: Да, но права се и на македонскиот граѓанин кој што навистина сака да биде дел од ЕУ. Еве јас како млад човек би сакал да ја видам Македонија рамо до рамо со Бугарија во ЕУ. И сега некој мене ми го оспорува тоа право со услов. Поентата е дека ако не дојде до решение во тој дел, наративот кај нас ќе биде повторно тој „Бугарија сака да ни биде пријател, но не блокира како Грција кон европскиот пат“. Тоа на крајот од денот најмногу влијае на македонскиот народ, а не само на македонските политичари.
КОВАЧЕВ: Но зошто може да има власи и албанци во Уставот, а да нема бугари во Уставот. Нема логика во тоа. Европскиот предлог е за променување на Уставот и исполнување на Договорот за добрососедство. Вие ме прашувате за Ангел Џамбаски кој дошол во Скопје да вели дека Макеоднија е Бугарска, а провокациите кои секој ден ги слушаме од македонски политичари кои одат во Ваташа да кажуваат дека бугарите се убијци на момчињата од Ваташа. Не бугарската држава го натерала кумановецот кој е осуден за тоа престапление. Тоа е одвратно комунистичко наследство. И да ми говорат македонската современа нациија е антифашистичка. Тоа ми го кажа вицепремиер од Макеоднија од времето на СДСМ. Како да одиме заедно во ЕУ со тоа мислење. Има една многу убава приказна. Антифашистите на иднината ќе бидат најголемите фашисти. Таков е Путин. За жал гледам сличност тука, бидејќи ме прашувате за провокации. Истото го кажува и Гордана, дедо ми, партизани итн итн.. Во Македонија тоа многу сакаат да го кажуваат, но таа нивна наводна „идеологија“ е нешто одвратно и трагично. Ние сакаме братски однос и пријателство.
ПОГЛЕД: Со вас јас лично разговарав во 2019 година каде што ви поставив прашање зошто на Бугарија и е толку голем проблем да инвестира во трасирање на уште една лента на граничниот премин Станке Лисичково на бугарско-македонската граница. Сега сме на средината на 2024 година, а пред месец дена бугарските медиуми објавија дека е започната реконструкцијата на патот до границата. Кога може да се очекува завршување на овој проект?
КОВАЧЕВ: Тука сте во право и во моментот се работи на Станке Лисичково. Три ленти ќе има од едната страна и три од другата страна, за влез и излез во Македонија. На крајот од годината се очекува завршување на проектот. За жал имаше многу бавно реализирање на овој проект, но според последните информации се очекува да тој проект се заврши до крајот на годината и тоа ќе биде позитивна работа и за Бугарија, но и за Македонија.
Во однос на пресудите од Стразбур и нивното имплементирање од страна на Бугарија:
Лага е дека одлуките на Европскиот суд за човекови права во ОМО Илинден и др. против Бугарија содржат обврска Бугарија да го признае македонското малцинство;
– Одлуките не само што не коментираат ниту едно малцинство, туку не содржат ниту обврска Бугарија да се регистрира;
– Уште повеќе, во Бугарија постојат здруженија на граѓани со македонска самосвест, од кои едното се нарекува Антички Македонци, лоцирано во Гоце Делчев;
– Пресудите на Судот не се 14, туку 6, а Бугарија веќе ги исполни сите препораки за нив и работи на затворање на предметите;
– РСМ не е странка во овие случаи во Стразбур; изјавите на премиерот на РСМ се директно мешање во внатрешните работи на Бугарија;
– Изјавата е директно кршење на чл. 11, точка 5 од Договорот за добрососедство, според кој ништо во Уставот на РСМ нема никаква врска со лица во Бугарија кои не се државјани на РСМ;
– Политизирањето на одлуките на Судот во Стразбур од страна на Мицковски ја поткопува Конвенцијата за човекови права;
– Изјавата на Мицковски тесно се совпаѓа со руските интереси на Балканот, кои имаат за цел да ги компромитираат институциите за заштита на човековите права, а со тоа да внесат раздор во односите меѓу сојузниците во НАТО.