-1.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

Бугарски европратеник за „Поглед“: Убаво кажа Заев, Бугарија немала фашистичка власт, силите кои беа против тоа беа многу посилни!

Јас сум сведок на сите тие процеси, кои се случија после потпишувањето на договорот на Илинден во 2017 година. Тогаш имаше голема желба за инфраструктурна, финансискса, културна соработка за да се зголеми намалената доверба меѓу народите. Многу други формати учествуваа, многу македонски млади учествуваа и овде кај нас. На се тоа се стави крај бидејќи во Македонија има сили од длабоката држава кои се исплашија односно не го сакаа тоа. Македонија е можеби една од најпројугословенските земји и Тито. Тоа е голем проблем кој ја враќа Македонија назад. Ние сакаме да ги отстраниме негативните работи од минатото. 2020 година наводно немало струја, немало вода, и се откажаа театри во Штип и Струмица. СДСМ се комунисти на Тито. Заев се спротистави и на неговите комунисти и го потпиша тој многу братски договор. Вклучително си спомнувам кога даде интервју за БГНЕС кога кажа бугарската администрација, од тој момент кога го даде тоа интервју и кога ја даде академската формула за тоа како било навистина, многу југословенски струи во Македонија почнаа да работат не само против Бугарија туку и против него. Силите кои не сакаат затоплување на односите беа многу посилни, отколку на тој Заев. Тоа за мене е основниот момент и повторувањето дека Бугарија е фашистичка држава, Бугарија не е имала фашистичка власт, изјавите за Цар Борис 3 итн се навистина едни тешки глупости. Има македонци кои се чувствувале Бугари, сега поминал тој процес на создавање на една современа македонска идентичност и јас започнувам од тука. Денеска не вели никој дека не постои македонска нација, дека Вие не сте македонци, меѓутоа и не можеме да го заборавиме и минатото. Ваше право е да се чувствувате како македонец, истото право го има и тој кој што се чувствува бугарин и ја знае историјата на својот род. И вие може да знаете дека вашите баба и дедо се чувствувале бугари, а сега да се чувствувате македонец. И тоа е сосема нормално. Ние никогаш не кажуваме дека сега Вие сте бугари, тоа е апсурдно. Вие може да знаете историјата дека вашиот дедо, прадедо се чувствувале бугари, вие сега се чувствате макеоднец. Тоа е развој на човечката историја, ние не можеме да имаме проблем со тоа. Малку е фантастично што во Македонија некој сака да го промени самоопределувањето на Георги Николов Гоце Делчев од татко и мајка бугари, кој предавал во бугарското училиште во Софија, во бугарското училиште во Штип и сега наеднаш треба да кажеме тој не е таков, ние ќе му смениме идентичноста. Поминаа од 90-ата година многу работи. Имавме декларација меѓу Љубчо Георгиевски и Иван Костов и тоа треба да биде основата на нашето добрососедство и братство. Не треба да носиме омраза помеѓу младите луѓе.

Нема како да се искорени hate speech-от и во медиумите, но и во црквите во Македонија, на универзитети итн итн, ако продолжат во ист стил да ги учат за историските невистини младите луѓе. Се уште во Македонија се празнува како го нарекуваат „прва пушка“, а тоа нема никаква историска вистина. Тоа е де факто терористички акт на терорист кој го убива својот сограѓанин во грб, татко на две деца. И тоа уште се третира како некаква си прва пушка против некаков си фашистички бугарски окупатор. Овде во Бугарија не се одбележуваат комунистичките празници, ние 9 септември го означуваме како најцрниот ден во историјата на Бугарија, кога комунистите доаѓаат на власт. Вчера беше 23 август, ден на почитување на жртвите на национал-социјализмот и фашизмот, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за „Поглед.мк“

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави