6.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Бисера е само почеток – МИЦКОСКИ: ЌЕ ОБЕЛОДЕНИМЕ СЕ ШТО ПРАВЕЛЕ 7 ГОДИНИ

„Па не само за овој случај. Јас реков дека од есен ќе сведочиме за тоа што се случувало изминатите 7 години, за многу работи, не само за ова, ова е само почеток“, рече Христијан Мицкоски Претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање дали очекува ЈО да покрене истрага за злоупотребите на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Премиерот Мицкоски додаде дека за многу брзо граѓаните ќе дознаат за сите злоупотреби од претходната власт изминатите 7 години.

„Ќе има многу луѓе кои што денеска гледаме се силни позади говорницата во Парламентот и во прашална форма поставуваат прашања од партиска говорница. Но, ќе видиме сега како ќе изгледа сето тоа кога ЈО и истражните органи ќе треба да се позанимаваат со сите оние злоупотреби што се случуваа изминатите 7 години“, дециден е Мицкоски.

Пратеникот Миле Лефков на прес конференција изјави дека Бисера Антоанета, како што ја нарече, со патниот налог до сметкводство во Министерството за култура ги доставила и сметките кои ги покрила со народни пари, од истите може да се види дека со буџетски пари плаќала чорапи, хулахопки, куфери, мечиња.

Куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти. Оваа сметка е доставена лично од Бисера Антоанета до сметководството во Министерството за култура, а ова е нејзиниот потпис на истата.

Бисера Антоанета куферите ги купила на 26.10.2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари.

219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, и на оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023.

Во Gift Galore London, од 89 фунти, си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football.

поврзани објави

Последни објави