Водителката на утринската програма на Пинк, Јована Јеремиќ, веќе некое време ужива во врската со бизнисменот Драган Станковиќ, сопственик на синџир пекарници, кој е 15 години постар од неа.
Јована не крие дека Драган е нејзината најголема љубов, а сега дополнително ги изненади своите следбеници со фотографија на која позира со него и со поранешниот сопруг Воислав Милошевиќ со кого ја има ќерката Леа.
– Мојот живот во една фотографија. Леа, среќен роденден. Ти благодарам што ме избра да ти бидам мајка, напиша Јована во описот.