14.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Биле НАЈУБАВИ СЕСТРИ во поранешна Југославија, судбината ги разделила, а еве со што се бават денес

Сестрите Баруџија и денес се вистински убавици, а водат сосема поинакви животи – едната се испробала и во актерството, додека другата е универзитетски професор.

Нема кој не знаел за сестрите Баруџија во поранешна Југославија. Кога излегоа на сцената Изолда и Елеонора донесоа сосема нова енергија, а публиката остана маѓепсана од нивната убавина и харизма. Нивните настапи секогаш беа различни, а многумина предвидуваа дека ќе го достигнат самиот врв во музичкиот свет. И да, нивната популарност експлодираше преку ноќ, но тие сепак избраа поинакви животни патишта.

Изолда е две години постара и порано влегла во музичките води. За време на студиите, во периодот од 1978 до 1982 година, пеела во студентскиот хор „Бранко Крсмановиќ“, а како солист во вокалната група „Поп полифонија“. Во истиот период настапувала во бројни телевизиски и радиоемисии, често придружувани од Џез оркестарот на Радио Белград.

Потоа ја основа познатата група Аска во 1982 година заедно со Снежана Мишковиќ и Снежана Стаменковиќ. Тие станаа омиленото женско поп трио, а со песната „Хало, хало“ победија на Југовизија истата година кога го формираа бендот, додека на Евровизија го освоија 14-тото место.

Во 1983 година, таа повторно се појавува на евровизиската сцена со нејзината сестра, пеејќи ги придружните вокали за Даниел Поповиќ во Минхен. Третиот настап на овој престижен фестивал во Луксембург го имаше во 1984 година, каде заедно со Владо Калембер, тогашниот фронтмен на рок групата сребрени крила, ја изведе композицијата „Чао аморе“.

Интересно е што спотот за песната своевремено беше забранет во Турција бидејќи Изолда во него се појави топлес.

Набргу потоа, Елеонора и Изолда го основаа своето музичко дуо „Сестри Баруџија“ и настапуваа низ целиот регион, но фестивалите им беа омилени – почнувајќи од Месам во 1986 година, каде ја изведуваа песната „Опет Београд“, па сè до последниот заеднички настап во Југовизија во 1992 година со песната „Еј, еј врати се“.

Изолда потоа стапи во врска со Златко Манојловиќ, а подоцна настапуваше со него во групата „Вокс“, а заедно издадоа два албума – „Стрела“ (1996) и „Знаеш ли“ (1998).

Љубовта со Златко ја крунисаа со брак, заедно се преселија во Дизелдорф. Бината ја заменила со катедра, а од 2009 година предава соло пеење на Академијата за музика.

Нивниот син Тодор се занимава и со музика и свири гитара во бенд, но е задолжен и за музичка продукција во истата образовна институција каде работи Изолда.

Од друга страна, Елеонора се пресели од Сплит во Белград и од 1991 година се посвети на соло кариера. Објави пет студиски албуми.

Играше и епизодна улога во комедијата Мис на Александар Хусиќ од 1986 година, а истата година беше прогласена за Мис на спортот во Германија.

Се омажи за композиторот Зоран Тутуновиќ, со кого има две деца.

Иако на јавната сцена се појавија пред повеќе од 40 години, сè уште ја задржале својата убавина и дамски изглед кој воодушевува, а многумина се воодушевени кога ќе видат колку добро изгледаат во седмата деценија.

поврзани објави

Последни објави