14.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА „МОЈ ДДВ“ Парите ќе ви легнат на сметка до крајот на неделава

Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни веќе се реализира и се очeкува целосната исплата да заврши до крајот на оваа недела, соопшти УЈП.

„Управата за јавни приходи подготви налози за исплата за близу 450.000 граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата. Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација. Апелираме до граѓаните кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка, најбрзо да ја внесат точно својата ЛИЧНА трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот“, информираше УЈП преку соопштение.

поврзани објави

Последни објави