20.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Мицкоски: Од септември почнува борбата со криминалот, нема пардон да има за никој, има информации за стотици милиони евра украдени!

Од месец септември ќе започне борбата против криминалот, а одговорност за сите оние кои се огрешиле пред законот, најавува премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто на Алфа ТВ.

Од септември ќе биде борба со криминалот. Тоа ќе трае се додека за оние кои постои сомневање кои сториле криминал, да бидат изнесени пред лицето на правдата. И тука нема политичка партија. Многу случаи има, а ова ќе важи за сега овие именувани од оваа Влада ако се огрешат пред законот. Нема пардон за никој. Ако било кој биде пријавен, па дури и од мојата Влада, тоа е без милосрдно. Не дека јас сум многу искусен политичар. Имало многу повешти во политиката низ светот. Но има еден заеднички именител, а тоа е дека криминалот е безбедносна закана за државата. И ние мораме да се спротиставиме на тоа. Логично е да се истражува криминалот. Имам информации и дека обвинителството истражува предмети. Имаме државен јавен обвинител кој е избран од мнозинството на СДСМ и ДУИ. Оставам да видам дали тој ќе работи според законот и Уставот. Не сакаме да биде како досега, да дадеме шанса да видиме дали овој човек е подготвен да обвинува објективно, рече Мицкоски.

Во интервјуто „За или Против“ Мицкоски вели дека потписите кои се ставени за предавствата, нема да ги заштити оние кои во изминатите 7 години правеле зулум и штета на државата.

– Исплашени ќе се обидат да ја дестабилизираат државата. Ќе се обидат преку етнички тензии да го прават. Нема друг начин. Дури и нивните поддржувачи ни приоѓаат, знаете се плашевме, моравме да ги следиме нивните политики. Но и тие сега не ги поддржуваат. Само за неколку тендери во ЕСМ се однесени стотици милиони евра. Имаме основано сомневање, а во дел сме во траг, од оние информации со кои располагам можам да кажам дека таму има неколку случаи основано сомневање, поткрепено со информации, но ќе обезбедиме и докази, за стотици милиони евра однесени односно буквално украдени.

поврзани објави

Последни објави