22.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Венко Филипче заедно со струмичкиот градоначалник: Најголемиот градски пазар во државата ќе го добие Струмица

Струмица ќе го добие најголемиот градски пазар во државата.

Реализацијата на овој капитален проект, на површина од 42.000 метри квадратни е од големо значење за граѓаните, за земјоделските производители и за трговците од Струмица.

Инвестицијата е вредна 237 милиони денари. Станува збор за пазар по сите современи стандарди, со отворен и затворен дел. Му честитам на градоначалникот Костадин Костадинов за овој значаен проект.

Драго ми е што градоначалниците на СДСМ досега успешно менаџираат со општините и ги реализираат ветените проекти. Општините кои ги раководат градоначалниците од редовите на СДСМ се пример за тоа како се работи одговорно, во интерес на граѓаните, како се реализираат изборните ветувања.

Покрај овој проект, во Струмица се реализирани крупни инфраструктурни проекти, улици, булевари, водоводи, ученички дом, но и многу други проекти од значење за Струмица и за струмичани.
Очекувам во иднина градоначалникот да продолжи со засилено темпо на работа и реализација на сите проекти.

поврзани објави

Последни објави