Снегот кој денеска ги покри Копаоник и Голија во Србија предизвика големо изненадување. изненадувачки. Предупредување за обилни врнежи е издадено во Војводина, Мачва и во Шумадија.
На Копаоник денеска врне снег, а температурата на воздухот е еден степен Целзиусов, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ). Утрово и на планината Голија падна првиот снег.
Посетителите и локалното население на социјалните мрежи коментираат дека се чувствуваат како да е декември, во средината на месец септември.
Инаку, температурата на Копаоник и Голија пред само една недела достигнуваше до 30-от степен.