20.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

УБАВА ВЕСТ: Уште овој месец ќе има покачување на платите на наставниците и професорите

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, потврди дека и оваа година, поточно од овој месец, ќе има зголемување на платите во основно и средно образование за пет проценти.

-Тоа значи дека од овој месец, односно од октомвриската плата, вработените во основното и средо образование ќе имаат зголемена плата за пет проценти.

Задоволството е уште поголемо што се договоривме за континуиран раст на платите во основно и средно образование во период од четири години, каде според нашите заеднички математики, конечно вработените во основно и средно образование, носителите на дејност наставниците и професорите ќе имаат плата во висина од просечна или нешто над просечна плата, рече Неделков.

Како што додаде, ова е голем успех во преговорите, во социјалниот дијалог и партнерство и е доказ дека со заемно почитување и разбирање како социјални партнери, може да се дојде до прифатливи решенија.

поврзани објави

Последни објави