10.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Новиот директор на АНБ нема “Државна тајна” сертификат туку го побарал по назначувањето, Христовски во интервју за КОД

Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовск во интервју за КОД на ТВ Телма потврди дека се уште нема безбедносен сертификат “Државна тајна”, а има важечки сертификат со степен пониско.

АНБ како контраразузнавачка служба проозведува многу класифицирани информации од највисок степен до кои актуелниит директор нема право да има увид додека не го добие сертификатот за кој поднел барање откако го презеде раководењето со Агенцијата.

Во врска со неговиот безбедносен сертификат, Христовски рече дека има сертификат ,,строго доверливо”, а аплицирал за сертификат пд највисок степен.

-Цела кариера сум поседувал безбедносни сертификати до највисок степен до државна тајна, се до 2019 кога во една политички монтирана безбедносна хајка во која беа вклучени високи функционери во УБК, не ми беше продолжен новиот безбедносен сертификат и следниот период немав поднесено барање за нов сетрификат, бидејќи не бев распореден на такво работно место. По повторно вработување во МВР аплицирав за безбедносен сертификат строго доверливо и го добив. Денеска со доаѓањето во АНБ почнав постапка за добивање највисок степен на класификација, рече Христовски и најави дека ќе отпочне и постапка за добивање на НАТО сертификат.

Своето прво интервју Христовски го даде неколку часа по преземањето на функцијата и беше емитувано во КОД на Телма.

поврзани објави

Последни објави