10.8 C
Skopje
понеделник, октомври 27, 2025
spot_img

Николовски се оградува од договорот со Бугарија што го потпиша Заев: Јас тогаш не учествував во тие процеси, прашајте ги тие што учествуваа!

spot_img

Не знам, јас не сум бил дел од процесот. Тоа ќе ги прашате оние кои биле учесници во таа работа. Со овие зборови во поткастот со Иван Мирчевски, екс генералниот секретар на СДСМ и министер за земјоделие во Владата на СДСМ Љупчо Николовски одговори на прашањето зошто се случил договорот со Бугарија.

– За ова што ме прашувате, ќе ги прашате учесниците во работните групи. Се знае моето искуство како генерален секретар и како министер за земјоделие.

На ова прашање Николовски рече дека не е дел од процесот и дека не може да коментира, по што доби прашање: Добро, некој во партија го праша ли Зоран Заев зошто го потпишува тој договор?

– Имавме проблем со методологијата, сметам дека е одговорност на државата да ги решава проблемите. Нас ЕУ ни е стратешка цел или нешто друго? Уште колку време ќе чекаме, тоа се клучните прашања.

На ова Мирчевски вели дека ама го прашавте ли народот што мисли за тој договор со Бугарија? Не е поентата да биде под било какви услови, бидејќи нема што не сменивме во овие години. Доста е, ајде да кажеме ЕУ направете вие нешто за нас бидејќи направивме многу отстапки досега, додаде Мирчевски во своето образложение при прашањата до Николовски.

На прашањето што е проблем да се има бугарско државјанство? – Не може да има двојно државјанство некој што ќе биде на функција, рече Николовски.

На прашањето зошто Бугарите да не се внесат со одложено дејство како што иницира ВМРО-ДПМНЕ со цел да се реши овој спор, Николовски вели: Не можеме да чекаме повеќе да влеземе во ЕУ, но сепак додаде дека тој смета дека ова може и да се поддржи од страна на СДСМ, но не прецизираше како и кога.

поврзани објави

         

Последни објави