1.8 C
Skopje
Thursday, November 7, 2024

Премиерот Мицкоски очекува зајакнати добри односи меѓу Македонија и САД

Зајакнати исклучителни добри односи меѓу Македонија и САД и засилена економска соработка, очекува премиерот Мицкоски по победата на Трамп на претседателски избори во САД. Премиерот ја честита победата на американскиот народ, кој како што рече, избрал напредок. Премиерот имал прилика веќе да размени и пораки со некои од луѓето што се очекува да бидат во тимот на новиот американски претседател, а со кои тој имаше средби измантиов период, како Хауард Лутник.

Позитивен дух во геостратешките односи од победата на Трамп очекува и претседателката Силјановска.

„Уверена сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели.“, напиша Силјановска во честитката.

Победата ја поздрави и собранискиот спикер Гаши. Иако идеолошки не се блиски, честиташе и опозицијата.

„Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи“, напиша Филипче.

За Ахмети победата на Трамп била импресивна и очекува американскиот фокус на Балканот да остане, како и да се решат отворените прашања меѓу земјите од југоисточна

поврзани објави

Последни објави